- Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус.
И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина.
Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, времето кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме.
Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност, вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

МИЦКОСКИ: ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ НА ПРОМЕНИТЕ. ЗА ТВОЕТО ВРЕМЕ КОЕ ДОАЃА!
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ