МИЦКОСКИ ВО ПРЕТРЕС : ЗАД КОНФЛИКТОТ ВО ГАЛАТЕ СЕ НАДЗИРА ЖЕЛБАТА НА ДУИ ПРЕКУ ВАКВИ КОНФЛИКТИ ДА СЕ ДОБЕРЕ НА ВЛАСТ, КРИМИНАЛОТ ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ НЕИСПЛАТЛИВ

0
79
  • Јас апелирав и ќе продолжам да апелирам да се избегнуваат етнички теми. Не мислам дека тоа е правиот начин да се привлече внимание. Можеби денес на дневна политика ние можеме да напаѓаме некој на етничка тема, но тоа не е начин како треба да се делува.

    Има политички партии кои се дел од македонскиот и од албанскиот блок и кои мислат дека на тој начин ќе привлечат симпатии, дека на тој начин ќе привлечат луѓе и дека на тој начин ќе се профилираат себеси политички, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во денешното интервју во поткастот „Претрес со Ландов“

    На прашањето дали ДУИ сака да се врати на власт преку вакви инциденти, Мицкоски рече дека не е само ДУИ, туку има партии и од македонскиот блок кои се опозизија.

    Претседателот Мицкоски додаде дека ова е погрешен начин и стратегија за делување, бидејќи овие конфликти само создаваат негативни чувства кај граѓаните.

    Мислам дека на ваков начин тие со ова создаваат дополнителни негативни чувства кај граѓаните во однос на нивното функционирање. Друго е вие да излезете во јавноста со идеи, проекти, издржана критика, но да предизвикувате ваков тип на конфликти, за мене е погрешна стратегија, дециден е Мицкоски.