Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: ВО ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ ЌЕ ИМАМЕ НАПРЕДОК НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЗДРАВСТВОТО, БУЏЕТОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО Е НАЈГОЛЕМ ДО СЕГА, 53 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина, прашан дали ќе се спроведе дигитализација во здравството и дали ќе се создадеме здравствен систем кој ќе реагира соодветно посочи дека тоа е еден од приоритетите и се надева дека во периодот кој што следи особено во делот на дигитализацијата ќе имаме напредок.

Мицкоски потенцираше дека ефектите од загадувањето односно неорганизираната животна средина најмногу имплицираат врз здравството и здравствените услуги. Кога би имале поквалитетна и поорганизирана животна средина тогаш граѓаните ќе имаат помала потреба од здравствени услуги.

Претседателот на Владата посочи дека Буџетот на Фондот за здравство е историски најголем до сега, 53 милијарди денари, ако го споредиме со оној во минатите години имаме 300 милиони евра повеќе во овој буџет споредено со тие во минатото.

„Животната средина е дел од превентивата на која многу малку се правело во минатото. Но, тоа е процес и нема да заврши брзо, процес кој ќе трае со години можеби и со децении.“

Мицкоски уште еднаш повтори дека за жал многу работи мораме сега да почнеме, меѓу нив е и оваа, но таква била состојбата со која се соочивме речиси пред една година.

ОВАА НЕДЕЛА

КУЗЕСКА: ТОШКОВСКИ ДА СИ ОДИ ВЕДНАШ, ТОЈ Е ЗАШТИТНИК НА МАФИЈАТА И НАСИЛНИЦИТЕ

Прес-конференција, Богданка Кузеака, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Вчерашниот инцидент во...

ЈЕВТИМОВ: ВО ДОЈРАН НЕ СЕ РАБОТИ ВО ИНТЕРЕС НА ОПШТИНАТА, ТУКУ ВО ИНТЕРЕС НА СДС

Прес-конференција на Дарко Јевтимов Почитувани граѓани на Општина Дојран, Наназад 8...

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, А МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЗАКАНУВАЧОТ

Откако денеска скопското обвинителство информираше дека двајца граѓани се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ