МИЦКОСКИ : ВО КИСЕЛА ВОДА СЕ СЛУЧУВА ВИСТИНСКА ПРОМЕНА, ИМАМЕ КИЛОМЕТРИ НА НОВ АСФАЛТ, КАНАЛИЗАЦИЈА, ВОДОВОД

0
211

Почитувани,

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам еве и на градоначалникот, на претседавачот на Советот, на пратеничката на граѓаните кои што се тука денеска со нас за поддршката која што изминативе неколку месеци после завршувањето на локалните избори ни ја даваат. Да се заблагодарам на овие луѓе позади еве што ме поканија да ја имам оваа можност и чест да бидам дел од овие проекти кои што ги реализира Општина Кисела Вода, нешто што минатите четири години воопшто не беше предмет на дискусија.

Храбра, амбициозна би рекол посветена, чесна агенда имаат, километри нов асфалт, канализација, водовод и тоа е навистина една голема и сериозна работа која што се случува овдека во општина Кисела Вода. Дури и повеќе од тоа кое што можеби е земено како обврска во време на кампањата за локалните избори ќе биде реализирано.