МИЦКОСКИ : ВЛАСТА СПРЕМА СЦЕНАРИЈА ЗА ИЗИГРУВАЊЕ НА ИЗБОРНАТА ВОЛЈА НА НАРОДОТ, НАЈЕФИКАСЕН ОДГОВОР ЗА НИВНАТА ЗАВЕРА Е МАСОВНО ГЛАСАЊЕ

0
112

„Иако народот е определен и е јасно дека власта ја чека пораз, сакам да предупредувам дека  знаеме со кого си имаме работа. И забрзано овие денови спремаат повеќе сценарија со кои сакаат да ја изиграат волјата на народот и да го ублажат поразот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски  од митингот во Гази Баба.

Мицкоски додаде дека Ковачевски веројатно поучен од некои ментори со искуство внатре во партијата, игра една опасна игра. И не би предупредувал на ова доколку влогот не беше Македонија, и доколку оваа завера која ја подготвуваат не удира силно по темелите на државата.

„Тој на ДУИ им нуди многу повеќе ресори, министерства и претпријатија отколку што самата ДУИ може да замисли. И ова го прави со една единствена цел, моли, коленичи, измеќари заедно со Стево Пендаровски за да добијат поддршка за вториот кург претседателски избори. Но, заборава дека колку и да измеќарат, колку и да бараат поддршка, овој народ овде и народот кој што изминативе 18 дена го гледам низ Македонија како се обединува околу коалицијата „Твоја Македонија“,  ВМРО-ДПМНЕ и идниот претседател Гордана Силјановска Давкова, тогаш сум сигурен дека било какво понижување, било какво измеќарење ќе биде недоволно“, истакна Мицкоски.

„Ваквата завера е дополнета со последни информации кои ги добивам со намерата да уфрлат луѓе за потплата на гласови и да вршат притисоци за гласање, а не исклучувам и колективно гласање и нови рекорди за брзо гласање во некои средини и делови од Македонија какви сме гледале во минатото. Или што би рекол еден политичар кој што набргу ќе биде поранешен – како со сега“, рече Мицкоски.

Мицкоски запраша што е одговорот против оваа завера.

„Освен тоа што верувам дека МВР сериозно ќе си постапи, сакам да кажам дека најефикасниот начин на делување и одговор е да се излезе на гласање. Излезете и гласајте, гласајте масовно уште на претседателските избори затоа што така ќе го победиме секој поткуп и нерегуларности и така ќе спречиме да ја украдат народната волја“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека одговорот се граѓаните кои во овие одлучувачки и историски моменти за Македонија, контролата на државата ја земаат во свои раце. Тоа пенкало на 24-ти април ги дели од тоа дали Македонија ќе продолжи да тоне или ќе се извлече од калта во која се наоѓа.