Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : ВЛАДЕЕ ЧУВСТВОТО И ТРЕТМАНОТ НА ВЛАСТА КОН ЛУЃЕ ОД ПРВ И ВТОР РЕД, БРАНОТ Е ГОЛЕМ, ОЧЕКУВАМ ДА СТИГНЕМЕ ДО ИЛИ БЛИЗУ ДО 61 ПРАТЕНИК

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот на Плусинфо истакна дека во Македонија владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред и додаде дека бранот за промени кај народот е голем затоа и очекува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да освојат 61 пратеник или да бидат блиску до таа бројка.

Мицкоски потенцираше дека СДСМ треба својот пораз да го бара многу поназад не само во кампањава и овие неколку месеци, туку уште кога во услови на корона криза направија епска злоупотреба на државните ресурси, институции пари.

Уште од тогаш постепено започна нивниот пораз и посериозно се случи на локалните избори кога имаа два убедливи порази и повторно се случи коалиција од позиција на опозиција да освои мнозинство на градоначалници и тоа требаше да биде индикатор. Затоа ние во тој период имајќи ги предвид интересите на државата, баравме предвремени парламентарни избори и на демократски начин да се испочитува волјата на мнозинството граѓани, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тогаш СДСМ одлучи преку насилни начини и чуден начин на водење политика кога исчезнуваа и пратеници, да опстојат на власт и да ги задржат фотелјите по било која цена.

– Природно беше Зоран Заев кога поднесе оставка во СДСМ да поднесе оставка во владата и да одиме на избори, но тогаш на чуден незапаметен начин се постави Димитар Ковачевски и ќе дојдеме до заклучок дека тоа е првата посериозна грешка по локалните избори, а потоа потчинетата улога и неискуството на Ковачевски дојде до израз, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тогаш во таква ситуација ДУИ се наметна, а СДСМ за да ја задржи власта влегуваше од грешка во грешка потчинувајќи се на политиките на ДУИ и тоа доведе чувство на апатија во Македонија.

– Луѓето се чувствуваат дека имаме малкумина кои се привилегирани и граѓани од прв ред и мнозинство граѓани од втор ред и конечно затоа не чуди оваа бројка на овие избори и ако таа после втор круг се зголеми да надмине 550.000 или 600.000 гласа и не би се изненадил ако ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник или биде блиску. Тоа е така затоа што тие повторно водат чудна реторика и имаат погрешна порака, ништо не се промени кај нив, изјави Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ