Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ: БЕЗ ОГЛЕД НА РАЗЛИКИТЕ СО ФИЛИПЧЕ, ПОТРЕБНО НИ Е ЕДИНСТВО ЗА МАКЕДОНИЈА И ВАЖНИТЕ ПРАШАЊА

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика еве ова е мојот план, чекор еден, два или три.

Туку едноставно побараа вклучување и еден инклузивен процес. Ценам дека како политичар и како човек, како најголеми треба да привлечеме од сите слоеви од општеството и интелектуалци, и невладини, и политички партии кои што можат да помогнат да помогнат во одредени процеси“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Премиерот Мицкоски истакна дека без оглед на разликите кои ги има со претседателот на СДСМ Венко Филипче, потребно е единство и обединување за важните прашања за Македонија.

„Јас ценев дека со една ваква средба ќе испратиме порака, дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања, стожерните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите кога станува збор за таков тип на прашања. А воедно во услови на траор, во услови на специфична емотивна состојба на населението да испратиме порака дека политичарите не се оние кои што со ниски страсти на дневна основа комуницираат, со политиканство гледаат да спечалат некаков политички поен.

Туку може да се покаже ширина и да се рефлектира таа ширина кон јавноста“, дециден е Мицкоски и додаде јавноста нека суди дали погрешил или направил добар чекор што остварил лидерска средба со претседателот на СДСМ, Филипче.

Јавноста нека суди дали сум погрешил или сум направил добар чекор, но во овој момент тоа во Македонија е потребно.

ОВАА НЕДЕЛА

АКСИОС: ТРАМП МУ РЕКОЛ НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ВАТИКАН ДЕКА САД, А НЕ УКРАИНА, ЌЕ ГО ПРИЗНААТ КРИМ

„Според неименуваниот извор, Зеленски повторил за време на состанокот...

ФИЛКОВ СО ОСУДА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ ВО ОРЕШАНИ

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето...

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ