МИЦКОСКИ: АПАСИЕВ СО ФЕЈСБУК ПОЛИТИКА СО НАВРЕДИ И ВУЛГАРНОСТИ ОДРАБОТУВА ЗА СДСМ СО ТОА ШТО ЛАЖЕ ДЕКА СМЕ ИСТИ СО СДСМ

0
436

Продолжуваме понатаму да го реализираме ветеното, да покажуваме разлика. Од една страна ја имате владата и коалицијата ДУИ подржана од СДС која што континуирано го краде народот, и имате една условно кажано трета опција која срамежливо се обидува да стави знак на равенство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Но јавноста гледа дека тоа е невозможно, па со навреди, вулгарности, со фејсбук политика се обидуваат да привлечат внимание на јавноста.

Но, таков тип на нихилизам не проаѓа и веќе граѓаните се изморија од таков тип на политичари. И затоа очекувам на следните парламентарни избори огромно мнозинство на наши сограѓани ќе излезат и ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и ќе ни дадат можност да направиме една голема револуција, да бидеме навистина еве во прво време балкански шампиони и да го надоместиме сето она кое што беше пропуштено во изминатите 5 години, а потоа да се обидеме да бидеме и европски шампиони во развојот на Македонија.