МИЦКОСКИ : АПАСИЕВ НАМЕСТО ДА ПРИСТАПИ КОН МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО РАЗМИСЛУВАШЕ ДАЛИ ЌЕ УЖИВА НА ХУРГАДА

0
104

Во врска со изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ќе даде бланко поддршка за проектите доколку Африм Гаши не биде претседател тој одговори дека Апасиев претходно имал понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се придружи кон македонското национално единство.

– Димитар Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада, дали на некоја друга грчка плажа, рече тој.