Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

МИЦКОСКИ : АКО ТРЕБА СО КОРУМПИРАНИТЕ СУДИИ ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ И НА ПОИНАКОВ НАЧИН

Премиерот Христијан Мицкоски најави робусна акција против корумпирани судии и обвинители, со кои, како што вели, ако треба ќе се справат и на поинаков начин.
Тој, ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање поврзано со претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, велејќи дека сè додека се тие луѓе присутни во обвинителството и во судството земјата нема да тргне чекор напред во борбата против криминалот и корупцијата.

„Јас тоа го кажувам долго време и имам разбирање за граѓаните зошто велат добро е, работите, носите ова, носите тоа итн., но никако да се справите со криминалот и корупцијата, и ги разбирам. Сè додека тие луѓе се присутни и во обвинителството и во судството, за жал, ние не можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот и корупцијата и сенките од минатото коишто се дел од тоа политичко мочуриште кое го зароби ги обвинителството и судството“, рече Мицкоски.

Говорејќи на темата, тој кажа и дека на секоја седница на Влада читаат ревизорски извештаи и директно го прашуваат државниот ревизор дали има основа за кривични дела и дали тоа е доставено до обвинителството.„И на секоја седница на Влада го добивам истиот одговор: ‘Да, доставено е’. Што значи дека имаме стотици случаи доставени до обвинителството. Дали вие сте слушнале освен тоа кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување или претрес му се слошило, добил дијареја, со гушење, покачена температура или добила итн.

Секогаш тие наоѓаат некаков начин да ја опструираат акцијата на органите на прогонот. Јас сум жестоко разочаран од ова што се случува денеска, но верувајте нема да бидам уште долго, туку ќе влеземе во една робусна акција и ако треба со тие корумпирани судии и обвинители ќе се справиме и на поинаков начин“, изјави премиерот Мицкоски.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ