Лидерот на опозицијата ја плашеше јавноста дека Грција ќе не зафркнела и немало да си ги исполни своите обврски од договорот. Но оваа теза е смешна, затоа што ако Грција не го исполни своето, тогаш сите потези може да се ревидираат и вратат на почеток, нема неповратни потези во политиката и животот освен смртта.
Значи, ако Грција одлучи да не си стои на зборот, тогаш цел свет ќе види дека Грција не е сериозен партнер и тогаш нејзиното вето нема да се земе во обзир и Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО без ветото на Грција.
Тогаш Грција ќе изгуби на реноме, доверба и цел свет ќе се сврти против неа, така што оваа теза на Мицковски е само лажење на јавноста и обична манипулација.