МИЦКОВСКИ СЕ ПОСРАМИ СО НОВ ГАФ: ВЕТУВА ИНОВАТИВНИ РЕЗЕРВОАРИ ЗА ГАС, КОИ ЗАЕВ ГИ ИНСТАЛИРАШЕ ВО СТРУМИЦА ПРЕД 10 ГОДИНИ!

0
353

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на ТВ21, гордо најави иновативно решение за гасификацијата, односно маалски резервоари, кои посебно градско претпријатие ќе ги полни.

„За гасификацијата имаме иновативно решение со маалски резервоари каде што посебно градско претпријатие ќе ги полни тие маалски резервоари и директно терцијарната мрежа ќе биде до куќите. Имаме иновативно решение кое денеска го спроведуваат Обединетите Арапски Емирати“, кажа Мицкоски на ТВ21.

Сепак, ова иновативно решение кое го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е најновиот изум на технологијата, особено што веќе десетина години се спроведува во токму во како решение за пренос на енергенсот, ваквиот систем го внесе во употреба во 2012 година тогашниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Со овој вид на гасификација со мали резервоари во Струмица започнаа да се поврзуваат јавните установи.

Во Струмица сега на гасоводната мрежа се поврзани повеќе од 400 физички и правни лица.

Мицкоски, како што наведе, примерот го пренесува од Обединетите Арапски Емирати, но по се изгледа го имало и кај нас, изграден во една од ретките општини под водството на тогашната опозиција, за време на владеењето на Никола Груевски.