Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и дека ВМРО-ДПМНЕостанува на браникот на заштита на националните и државните интереси, пренесе А1он.
„Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите за спорот со соседна Република Грција е на Владата. ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и останува на позицијата дека Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси на Република Македонија“, рече Мицкоски и на новинарско прашање уште еднаш потенцираше дека целокупната одговорност од овој момент па натаму е на Владата, иако рече дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа не се дистанцира од процесот.