МИЦКОВСКИ ДО ИЗРАЕЛ: ТОА ШТО УБИВАТЕ СТОТИЦИ ЦИВИЛИ И ДЕЦА ВО ГАЗА И ШТО ЈА РАМНИТЕ ГАЗА СО ЗЕМЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ, ИМАТЕ ПРАВО ДА СЕ БРАНИТЕ ОД ТЕРОРИСТИ!

0
513

Мицковски го осуди рекетирањето на Израел од страна на Газа, а го одобри бомбардирањето на Газа од Израел, во кое се убиени над 100 цивили и над 20 деца!!! Тоа било право на Израел да се брани, а Газа нема право да се брани затоа што биле терористи?!?! Израел кога убива цивили и деца во Газа не се терористи?!?!

Еве што пишува Мицковски, од него и се очекуваше вакво површно и плитко размислување, наместо да ги осуди и двете страни и да престанат со воените дејствија, тој зазема страна на оние кои НЕ СЕ МУСЛИМАНИ, очигледно Мицковски нема симпатии за муслиманите… Мицковски би требало да знае дека Газа е практично во ропство на Израел, живеат во блокада еконоска, немаат храна и лекови, Израел апси без обвинение и држи во затвори илјадници Палестинци, им руши куќи со багери им зема земја и ја населува со доселеници, тепаат и убиваат редовно цивили за што нема ниту извинување а камо ли истрага а што е најтажно тепаат верници кои одат да се молат џамијата Ал Акса која е свето место за муслианите и тоа го прават на Рамазан Бајрам со што провоцираат реакција од Хамас која не сака да гледа како народот е држен под војничка чизма и со толку многу неправди… Не велиме дека Хамас постапува целосно исправно, но да мижиш пред тоа што го прави Израел и работите да ги гледаш само црно бело е страшно, нема добра страна во тој регион, во најмала рака виновни се и двете страни за проливањето на крв, и двете страни треба да се осудат…

Еве што се случува во Израел за Мицковски и оние како него:

Ова погоре е коментар на редакцијата на Мактел и треба да се чита како лично мислење на уредништвото на порталот а не како објективни информации, а сега цитат од изјавата на Мицковски:

“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави став за случувањата меѓу Израел и Палестина и го поддржа Израел.

-Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас.

Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население.

Изразуваме длабоко сочувство за секој изгубен живот и посакуваме што побрза деeскалација на состојбите, што би значело мирен и безбеден живот за сите граѓани во тој регион,” напиша Мицкоски.