Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

МИЦЕВСКИ: ТОШКОВСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ОСТВАРИ СРЕДБАА СО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, НЕМА ПРОСТОР ЗА ПОЛИТЧКО ПРОФИТЕРСТВО, ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ Е ИНСТИТУЦИОНАЛНО

Денес на 46-тата собраниска седница, каде се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, на собраниската говорница се обрати и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

,,Побарав процедурално бидејќи сакав накратко да се обратам до сите пратеници, но и до целата македонска јавност. Нема да ги дозволиме политичките профитери од опозицијата да ја злоупотребат, вулгализираат и да ја пренесат на улица трагедијата во Кочани и да си поигруваат со тажната судбина на овие луѓе“, изјави Мицевски.

Тој истакна и дека единственото решение е институционално и брзо решавање на случајот и ја информираше јавноста дека денес во 14:30 часот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ги прими семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани.

,,Единственото решение е институционално и брзо решавање на овој случај. За тоа работиме, за тоа се залагаме. Се’ останато е политичко некрофилство. Имено, ја информирам јавноста и вас пратениците дека министерот за внатрешни Панче Тошковски во 14:30 часот во министерството ќе ги прими и ќе оствари средба со семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани. Од овие причини, барам 1 час пауза. А потоа ќе продолжиме со работа по интерпелацијата, за која што очигледно не ви е гајле, бидејќи тој што ја поднесе, прв замина и не е присутен на оваа пленарна седница“, прецизираше Мицевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ