Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ : ОЧАЕН ОБИД НА ТАКАНАРЕЧЕНИОТ „УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР“ ДА ЈА ЗАДОВОЛИ СВОЈАТА ЖЕД ЗА МЕДИУМСКО ВНИМАНИЕ

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изрази згрозеност од денешното безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.

„Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев. Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација. Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи“, пишува Мицевски на Фејсбук.

Вели дека единствено добро од скандалот е тоа што јавноста во живо имаше можност да го види вистинското лице на Апасиев.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ