Прес конференција на Бојан Михајловски, советник во Советот на општина Охрид од СДСМ.
Почитувани медиуми, драги охриѓани,
Позади мене ова место кое е дел од душата на охриѓани според планот планот за градежно земјиште на Општина Охрид, локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ имаше предвидено хотелски кимплекс, но по бурната реакција на охридската јавност и СДСМ, оваа парцела под наводна техничка грешка е тргната од планот за отуѓување.
Повлекувањето на оваа парцела од планот за отуѓување е победа на сите охриѓани и вљубрници во Охрид, на сите оние кои сакаат Охрид да диши затоа што комплексот Касарна со својата вегетација е белите дробови на Охрид и никако и никој без разлика на политичка определба не смее да се дозволи овој зелен појас да стане бетон.
Ова место треба да зеленее и да се исполни со она што е потребно за охриѓани, а тоа се паркови, спортски игралишта, место за одмор и рекреација, не само за охриѓани туку и за сите посетители на Охрид. Затоа не смее да прерасне во стамбен или хотелски комплекс.
Бараме предходно предвидените средства за овој простор кои се предвидени и впрочем веќе легнати во општинската каса да ги искористите наменски и навремено.
Ајде овој простор да стане парк! Секој друг потег охриѓани нема да го прифатат.