Митрески: 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестици

0
1125
За две и пол години направивме пресврт на подобро. Покажавме дека знаеме и можеме да работиме чесно, одговорно и во интерес на граѓаните.
Направивме многу но можеме уште повеќе, уште подобро.
Нашата понуда носи нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.
До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%,
Износ на странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.
 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.
600 милиони евра поддршка за домашни и странски инвестиции
Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот.
Разликата е јасна.
Од една страна е концептот на СДСМ и парите кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која ги краде парите од граѓаните
На 15 јули граѓаните ќе одберат парите да завршуваат во нивните буџети а не во белиот дворец.
Затоа што заедно со вас, заедно со граѓаните можеме уште повеќе, уште подобро.