Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

МИТРЕСКИ : ВО НОВИОТ МАНДАТ РЕФОРМИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ, ИМАМЕ ВИЗИЈА, ИМАМЕ ПЛАН И ЗНАЕМЕ КАКО!

„СДСМ и Коалицијата покажа на дело што значи негување и промовирање на демократијата, на човековите права, на слободата. Го вративме дијалогот, ги залечивме раните од 2017 година и продоложивме напред. Донесовме нов Деловник, нема веќе блокади, нема веќе закочени процеси, нема веќе залудно трошење на времето и на парите на граѓаните”, најави Јован Митрески, носител на петтата Изборна единица, на денешната промоција на Програмата на СДСМ и на кандидатите за пратеници од Коалицијата за европска иднина.
Тој потенцираше дека реформите веќе никој не може да ги блокира и дека во наредниот период следува реформа на правосудниот систем.
„Владеењето на правото е наш врвен приоритет. Членовите на Судскиот совет од фелата на истакнати правници ќе се бираат со јавен избор и со учество на претставници на граѓанскиот сектор. Место ќе има само за најдобрите, за најчесните!“, додаде Митрески.
Тој нагласи дека справувањето со корупцијата ќе биде зајакнато и преку дигиталната трансформација на општеството.
„Дигитализацијата  е процес кој нема алтернатива. Мора да бидеме во чекор со технолошкиот напредок, со цел да обезбедиме ефикасни, брзи и квалитетни услуги за граѓаните и деловните субјекти. Преку дигитализацијата ќе го подобриме и квалитетот на административната служба. Преку оптимизација на државната управа, и преку намалување на бројот на управните одбори и на нивните членови, но и намалување на институциите кои се поклопуваат во надлежностите ќе ги намалиме трошоците“, додаде носителот на петтата изборна единица.
Митрески информираше дека ќе се формираат „мобилни канцеларии“, посебно наменети за руралните средини, со што услугите ќе бидат подостапни за граѓаните и со помалку трошоци.
Тој порача дека му е чест што е претседател на Собранието, но особено е горд што првиот Закон што го потпишал е Законот за употреба на македонскиот јазик.
„Затоа што нашиот македонски јазик е нашата татковина, така било и така ќе остане“, рече Митрески.
Во своето обраќање Митрески нагласи дека СДСМ и Коалицијата изминатиов период постигна огромен напредок и направивме многу за нашата држава.
„Реформите ги почнавме! Постигнавме прогрес, воспоставивме систем кој почна да дава резултати. И тоа во сите области, а што е најважно во делот на демократијата, човековите права, но и во однос на животниот стандард. Но тоа не е доволно. Не смееме и нема да им да дозволиме на оние без визија, без план и без идеја повторно да не вратат децении назад. Мора да продолжиме напред, по патот што го зацртавме, а тоа е да ги донесеме европските вредности и стандарди дома. Како Македонци, со свој македонски идентитет, со свој македонски јазик, култура и посебност да влеземе во европското семејство “, нагласи Митрески и додаде дека за тоа Коалицијата за европска Македонија има визија, има план и знае како.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ