МИТРЕВ ЗА „ТОП ТЕМА“: СЕГА СЛУШАМ ОД ВАС ДЕКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО УТРЕ ЌЕ СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ МЕНЕ

0
453

Сега слушам од вас, одговори доктор Жан Митрев во интервјуто во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, во врска со дописот на Обвинителството дека утре ќе информира до каде е предметот оформен по допрен глас во врска со сомненија за измама на пациенти.

Не знам зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите. Видовме еден дел од медиумите што сè можат да направат со исценирани, превртени и буквално лаги кои се пласираа на таков начин како се пласираа и направија една грозоморна атмосфера во тоа време околу нас“, изјави доктор Митрев.

Обвинителството веројатно се водеше во истрагата по член 247 од Кривичниот законик, став кој се однесува на „сторена штета која надминува значителна вредност“.

Доктор Жан Митрев во емисијата „Нечиста крв“ на ИРЛ беше посочен дека во приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќал на пациентите високи суми на пари за хемофилтрација при лечење од ковид-19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.

Обвинителите Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева утре се очекува да им соопштат на новинарите за текот на истрагата – дали таа продолжува, дали ќе оформат обвинение или, пак, не успеале да најдат доволно докази за да го докажат делото „сомнение измама на пациенти“.

објави телма мк