Соработка и солидарност во служба на граѓаните – Јанчев и Чадамов рамо до рамо со пожарникарите.
Денес, градоначалникот Митко Јанчев ја прими својата лична противпожарна опрема и стана член на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
Заедно со командирот Александар Чадамов, упати силна порака на единство и посветеност – целосна поддршка на хероите што секојдневно го ризикуваат животот за нашата безбедност.
Градоначалникот докажа дека вистинското лидерство значи да бидеш прв на линија кога е најпотребно.