Фото : Фејсбук профил на Митко Јанчев
СООПШТЕНИЕ
Почитувани,
Сакам да ви се обратам во врска со вчерашната презентација за намера за изградба за фабрика за еколошка преработка на гума.
Ве известувам дека Општина Кавадарци заедно со Советот на Општина Кавадарци и јас како градоначалник на оваа општина, нема никогаш да дозволиме да се загрози квалитетот на живот, околината и животната средина во која живееме.
Вложувањето на постоечките ресурси за поздрава животна средина и чисто Кавадарци, во изминатиот период, имаат донесено доста видливи резултати, и Кавадарци со причина се наоѓа на врвот на листата за најчисти и најеколошки општини во нашата земја.
Никогаш нема да дозволиме и недолично однесување на поединци кои сакаат да пласираат и низа на дезинформации кон јавноста.
Општина Кавадарци, како и досега, ќе остане крајно транспарентна во сите понатамошни процеси кои ги налага законската регулатива.
Јас живеам во нашето Кавадарци заедно со мојата сопруга и моите 3 деца, како и поширокото семејство, и нашата намера е дека ќе останеме во убавото Кавадарци. Токму поради тоа секогаш ќе бидам посветен за поздрава животна средина, за екологија на повисоко ниво, и ќе продолжам со сите активности кои се во моја надлежност а кои можат да придонесат за здрав и квалитетен живот.
Со почит,