МИТКО ЈАНЧЕВ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЛ НА ПОНУДАТА НА МИЦКОСКИ ЗА МИНИСТЕР И ИЗЈАВИЛ ДЕКА ОСТАНУВА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

0
290

Фото : Архива ,,Народен Глас”.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во изјава за ТВ Телма потврди дека со мандатарот Христијан Мицкоски разговарал за негово можно учество во новиот владин состав, но дека на крај сепак одлучиле да остане на чело на општината уште една година, во интерес и на партиската и на владината програма.

„Останувам да ја водам Општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжам да ги поддржувам сите активности, проекти и програми, кои ќе придонесат кон подобар стандард и квалитет на живот“,изјавил Јанчев.

Јанчев, како што објави тв 24 бил „во игра“ за министер за локална самоуправа  а одговорот дали ќе прифати било договорено на Мицковски да му одговори до утре.