МИТКО ЈАНЧЕВ: ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ЗАЕДНО СО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИ,,ШЕПИ 2021″ ЗАПОЧНАА АКТИВНОСТИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ

0
174

Општина Кавадарци и Здружението на граѓани за заштита на животните „Шепи 2021“ на 11.06.2021 година, започнаа заеднички активности за намалување на бездомните животни. Меѓу неколкуте активности кои ќе се реализираат е и пописот на кучиња и мачки кои имаат сопственици.

До сега попишани се околу 300 кучиња и 150 мачки. Некои од сопствениците не сакаат да ги попишуваат своите домашни миленичиња, со тоа што и тие се евидентираат како такви. Се работи на апликација преку која сопствениците ќе можат и сами да ги внесат своите нови домашни миленици во системот.

Деновиве се започне со монтажа на информативните табли кои ќе бидат поставени на 10 локации во Општина Кавадарци, а на истите ќе бидат испишани совети за грижа и заштита на милениците. Во наредниот период ќе се започне и со уредување на две локации кои ќе се наменат за паркови за миленици со соодветни реквизити.

Реализацијата на овој проект не води кон планирање и реализација на уште еден голем проект кој е од суштинско значење кога се во прашање животните, а тоа е изградба на стационар за згрижување на бездомни кучиња.

Фејсбук статус на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.