МИТКО ЈАНЧЕВ : ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО ФУДБАЛСКО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ОД ОТВОРЕН КАРАКТЕР ВО ДВОРОТ НА ГИМНАЗИЈАТА ДОБРИ ДАСКАЛОВ

0
218
Заврши изградбата на повеќенаменскo фудбалско спортскo игралиште од отворен карактер во дворот на гимназијата Добри Даскалов. Најпозитивната страна од изградбата на ова игралиште е тоа што деца со лесен даунов синдрон со лесен аутизам и попреченост ќе тренираат два-три пати неделно бесплатно со тренери од ФК Карпошово.

Истото ќе се реализира со здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром, лесен аутизам и попреченост со меѓуопштинскиот центар за труд и социјална политика при Општина Кавадарци се со цел остварување на помош и поддршка, како и заштита на стручни, технички, хуманитарни, образовни, спортски и други права и интереси на деца и младинци со даунов синдром, лесен аутизам и попреченост, нивните семејства и институциите каде овие лица живеат и претстојуваат.

Крајната цел е нивна целосна инклузија и интеграција во

општествениот систем и третман како рамноправни граѓани, кои имаат свои права и обврски особено во делот на спортот.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Кавадарци, Митко Јанчев.