МИТКО ЈАНЧЕВ ДОБИ ИЗВИНУВАЊЕ ОД КАВАДАРЧАНЕЦОТ, КОЈ БЕШЕ ПРИВЕДЕН ПОРАДИ ЗАКАНИ КОН НЕГО

0
140

Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.

– Бев во пијана состојба, го навредив Градоначалникот признавам. Му се извинив и сега сум со него и повторно му се извинив. Нема да се потори ова уште еднаш. Бев во алкохолизирана состојба а пијам и некои апчиња и така се случи тоа рече Никола Пртсенов Кавадарци Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.

-Го прифатив извинувањето. Сега разговараме домаќински не само за мене, од мене тоа е прифатено но и за во иднина да нема вакви реперкусии бидејќи сепак е фамилијарен човек, покрај сите проблеми кои ги има мислам дека не треба да ги прави овие работи и добро е што е самокритичен днеска и ги прифаќа сите работи рече Митко Јанчев Градоначалникот на Кавдарци.

Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршува е во служба на граѓаните.