МИТКО ЈАНЧЕВ ВО КАВАДАРЦИ СРДЕЧНО ГО ПРЕЧЕКА ФИЛИП РИКЕР

0
909

Денес во посета на Општина Кавадарци беа Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија и амбасадорката Кејт Мари Брнз.

„Причина за посетата на Општина Кавадарци беше средбата со градоначалникот  Митко Јанчев. Изјави за медиумите не беа предвидени.

Честа да се биде домаќин на високи политички претставници како што е г-дин Рикер е огромна и од големо значење за Општина Кавадарци“ истакнуваат од кабинетот на Јанчев.

Ова е и прва средба на градоначалникот со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Извор : КТВ