Митко Чавков и Оливер Андонов пред нивното заминување во МВР ПРОТИВЗАКОНСКИ вработија и поставија тешки криминалци, полтрони и слепци

0
3384

До редакцијата на ,,Народен Глас” стигна допис од наш читател и вработен во МВР во кој се вели дека екс министерот за внатрешни Митко Чавков и сегашен директор на УБК како и екс министерот а сега заменик министер за внатрешни Оливер Андонов пред нивната смена на позициите против законски вработиле лица со тежок криминал, партиски полтрони и послушници.

Дописот ви го пренесуваме во целост без никаква интервенција во текстот :

Допис

Од вработени во МВР на РМ до Заменик министерот Оливер Андонов и неговиот директор Митко Чавков кој деновиве по медиумите на цел глас зборуваат дека Министерот Оливер Спасовски направил незаконска смена на началниците на СВР.
Е сега сакаме да го прашаме и двајцата каде беа да зборуваат по медиумите кога пред неколку месеци се вршеше партиска чистка во посебните единици кои треба да дејствуваат при евентуални протести на опозицијата.

Еве ви еден пример за класична Партиска чистка во посебните единици во полицијата

ЕКС Министерот Чавков сега Дирекор на БЈБ за конечна пресметка со т.н. “Контраши“ спроведува партиска чистка во посебните единици на полиција преку своите слепи послушници и полтрони Трајановски Бранко командант, Николовски Бобан помошник командант и Дуковски Зоран началник и Мирчевски Сашо командир.
Како пример ја наведуваме Посебната единица за СВР Битола, каде се сменети сите командири на водови и одделениа, сите тие чесно и поштено ги извршуваа своите работни задачи и секогаш биле на своите места. Но на нивно место се поставени не само партиски војници туку и тешки криминалци кои во МВР ги има се повеќе. Зоран Јанкуловски викан Туце од Крушево криминалец вработен во МВР со тешко криминално досие за Измами, Тешки Кражби, итн. Ацо Ангелевски (брат на Анета Ангелевска висок функционер во ДПМНЕ и обвинета во процесот “транспортер“) инаку познат сторител на “Насилства“, Рекет и Закани, Изборни насилства итн. Цонкински Горан обвинет за силување и обљуба, насилство и рекет. Ги има уште и ќе ги објавиме дополнително.
Овде сакаме да поставиме и едно прашање како овие полициски рекетари ги поминале и исполниле тешките физички проверки кои се главен услов за влез во Посебните единици во МВР и на кој основ или какви прекршоци сториле предходните полициски службеници за да бидат сменети.
Тука има правилник и упатство има Закон за дискриминација и мобинг, Господа ќе одговарате за ова.

Од вработени во МВР кои професионално си ја извршуваат својата работа

Со почит.