Митинзите закажани: СДСМ тргнува од Прилеп а ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, пред самиот крај на ПОЛИТИЧКИОТ МАСАКР на ДПМНЕ!

0
2054

Од понеделник почнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, при што владејачката ВМРО-ДПМНЕ традиционално ќе почне со митинг во Охрид, опозициската СДСМ во Прилеп, албанската владејачка партија првиот митинг ќе го има во Липково, а опозициската албанска партија ДПА не ја открива локацијата.

Коалицијата за промени и правда, која ја сочинуваат ФРОДЕМ, Демократски сојуз и МОРО Работничка партија најверојатно ќе почнат од скопскиот хотел „Континентал“.

Коалицијата ВМРО- за Македонија, во која се партиите на Љубчо Георгиевски ВМРО-НП, Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија и на Стојанче Ангелов, Достоинство почнуваат од Охрид, но за да не се совпаднат во ист термин со владејачката партија, тие почетокот на кампањата го закажаа за вторник, 22 ноември.

Од ДУИ објаснуваат дека промоцијата на кандидатите ќе се случи в недела, на 20 ноември, со конвенција што ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, а кампањата ќе ја почнат од вторник, најверојатно од Липково.

Од ДПА не откриваат од каде почнуваат, а во во опција се две локации. Мотото на нивната кампања е „Одиме право“.