Мите Брилијант ја шири империјата, купи уште еден дел од акциите на Фершпед!

0
1295
На ден 27.05.2015 година преку трговска трансакција на Македонска берза АД Скопје, друштво за трговија и услуги „АВТ Консалтинг“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се стекна со 109 обични акции од „Фершпед“ АД Скопје , со што вкупно поседува 1.813обични акции или 10,01 % од основната главнина на друштвото, соопшти компанијата преку Македонската берза, објави еМагазин.
fersped 3
Штипскиот бизнисмен Мите Николов, сопственик на „Брилијант“ е трет по големина сопственик на акции во „Фершпед“.

„АВТ Консалтинг“ е фирма ќерка на „Брилијант“, чиј сопственик е штипскиот бизнисмен Мите Николов.

За влегувањето на Мите Николов во Фершпед уште во февруари објави порталот Фактор.

Фактор на 1 февруариобјави: Штипскиот бизнисмен Мите Николов, сопственик на „Брилијант“ е трет по големина сопственик на акции во „Фершпед“. „АВТ Консалтинг“ – фирма ќерка на „Брилијант“ докупи 396 акции со право на глас во „Фершпед“.

„АВТ Консалтинг“ сега поседува 9,41 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. Николов е трет по големина акционер во „Фершпед“ веднаш до браќата Накови.

Николов преку неговата фирма „АВТ Консалтинг“ за период пократок од еден месец докупи 5,6 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“ и своето учество во акционерската структура на најголемата шпедитерска компанија го зголеми од 4,8 отсто на 9,6 отсто. Засега нема официјална информација зошто Николов инвестира во „Фершпед“. Првата тура акции на 29 декември „АВТ Консалтинг“ ја плати за сума од 75 милиони денари (1,2 милиони евра) односно по 121.000 денари за секоја од купените 620 акции со право на глас. Во понеделникот на 26 јануари „АВТ Консталтинг“ докупи 396 акции со право на глас по единечна цена од 57.450 денари за акција (цена пониска и од половина од цената што беше платена на 29 декември) и докупи 396 акции со право на глас во „Фершпед“. п

Со овие деловни операции „АВТ Консалтинг“ плати вкупно 1,57 милиони евра за 5,4 отсто од акциите во „Фершпед“.

Според официјалните податоци од Централниот најголеми акционери во „Фершпед“ се браќата Драган и Сашо Накови кои акциите ги наследија од нивниот татко – основач и долгогодишен директор на „Фершпед“ – Штерјо Наков.

Првиот поседува 11,8 отсто од управувачките права, а вториот 11,04 отсто од акциите. „АВТ Консалтинг“ поседува 9,41 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“.На листата акционери се словенечкиот инвестициски фонд „Алпен“ со 5,87 отсто од акциите, скопската кондиторска индустрија „Европа“ со 5,61 отсто и Драгослав Димевски, поранешен директор во „Фершпед“ кој поседува 5 отсто од акциите во компанијата.