Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

МИТЕВА : ПОСЛЕ ИСТОРИСКИОТ ОДЗИВ ОД 28.000 ПОТПИСИ ЗА СИЛЈАНОВСКА, ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ПРОМЕНИТЕ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА

Пресконференција на Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Дозволете ми во лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да се заблагодарам на секој граѓанин кој го даде својот потпис за кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова. Историски најголем одзив досега, собрани се над 28.000 потписи за помалку од 12 часа.

Ова е најголемиот доказ и најточниот индикатор за тоа колкава е желбата и надежта на граѓаните за промени за  подобра иднина. Но, ова за ВМРО-ДПМНЕ пред се е голема одговорност пред секој еден граѓанин. Имаме обврска пред секој еден од вас да ја оправдаме во целост Вашата поддршка!

 
Оваа бројка само ни потврдува дека мораме да останеме посветени на визијата за промени, за промени кои значат чесно и правично владеење, промени кои ќе значат подобар живот за граѓаните дома, промени кои значат враќање на достоинството на граѓаните и државата.

На Македонија и се потребни темелни реформи, а ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе ја оправда дадената поддршка од граѓаните.

 
Остануваме посветени на работа, креирање на најдобра понуда и испраќање на клучните пораките кои ќе ги презентираме пред граѓаните. Остануваме посветени на подготовка на најдобрата програма која во себе нуди огромни промени. Време е да ги поразиме, затоа што Важно е да избереме лидерство што носи промени!

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ