МИТЕВА : КОВАЧЕВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА ПРИОРИТЕТ МУ Е ИЗБОРЕН ПОТКУП, НАД 2200 ВРАБОТУВАЊА ЗА МЕСЕЦ ДЕНА, ВРАБОТУВАЊАТА ВО ЗДРАВСТВОТО СЕ МАНИПУЛАЦИЈА, ВМРО-ДПМНЕ ПО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВЛАСТА ЌЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ

0
412

Почитувани,

Ковачевски денес потврди дека со предизборните вработувања единствена цел му е поткуп на гласачи за избори.

7 години СДС и ДУИ се власт, 7 години лекарите, специјализантите, медицинскиот персонал се борат за своите права, за вработување или за подобри услови. 7 години тие се игнорирани. Сега кога власта на СДС и ДУИ е пред заминување на 4 месеци пред избори покажуваат лажна загриженост.

Намерата на Ковачевски не е искрена и е потценување на медицинските лица.

Наместо полу решенија, ВМРО-ДПМНЕ по промената на власта ќе преземе чекори за целосно решавање на проблемите во здравството како од кадровска природа со вработување и поголеми плати за медицинските лица, така и инфраструктурно.

Денешниот чекор на Ковачевски за вработување на 1117 лица не е единствен. Имено ништо не ги запира СДС и ДУИ во намерата да вршат предизборен поткуп со нови вработувања на само неколку месеци пред избори. Само вчера, објавени се нови огласи на кои се отвораат работни места за 37 лица во еден, во само три институции, МИОА 30, ЈПДП 6 и 1 лице во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. И да не го заборавиме тајниот оглас во МВР распишан за унапредување на партиските подобни кадри на Спасовски.

Почитувани,
 

Заклучно со денес, 28.12.2023 а сметано од последните 30 дена, СДС и ДУИ објавија нови над 2200 работни места. Или поконкретно – само 500 во ЕСМ и останатите 600 во различни институции на државата, и сега најава за 1117 во здравството. Со ова СДС и ДУИ планираат да ги компромитираат граѓаните и да ги манипулираат со цел глас повеќе на избори и сето тоа го прават со државни средства, со пари од државниот буџет кој го полнат сите граѓани. За да успее предизборната корупција на СДС сите плаќаме нови задолжувања кои ќе треба да ги враќаме во наредните декади.

Сите овие лица се наоѓаат на списоците на СДС и ДУИ, точно обележани и избројани како идни гласачи на изборите, притисоците и поткупот е нивниот начин на владеење.

Но, СДС и ДУИ треба да се свесни дека сите овие огласи потребно е да бидат предмет на ревизија и секое прекршување и партиско вработување треба да биде најстрого санкционирано. Во Македонија е крајно време да почне да се почитуваат законите и уставот, на јавната администрација треба да престане да се гледа како алатка за партиски активисти, наместо тоа државата и граѓаните имаат потреба од ефикасна, стручна јавна администрација која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Мора да биде составена од најкомпетентните кадри, а не по партиската приоритетна листа на СДС и ДУИ.

Ваквите огласи се една од најглавните причини зошто јавната администрација е на критика на ЕУ и сите меѓународни извештаи. Македонија мора да заврши со лошите практики на владеење, затоа што никогаш не било полошо. Важно да ги поразиме!