- Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкусиот законски рок од три дена предвидени во Законот за градење. Иако праксата покажува дека и во случај кога околу одредена парцела нема приватни сопственици, рокот трае минимум 15 дена, општинската администрација била експедитивна. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението изготвено на 23 јуни 2023 година.
Откако Никола Филипче ги завршува сите бирократски процедури, и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата „Тотал инженеринг“ на Вице Заев купила половина од парцелата. За на 25 декември 2023 година во Скопје Заев и Филипче да ја формираат заедничката компанија „Фос имерас“, која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаичната централа и сопственик на атрактивната парцела. Фирмата на Заев и Филипче во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена.
Ова е пример како СДС владееше, додека народот чекаше ред пред шалтер, браќата на Филипче и Заев летаа низ процедурите за изградба на соларна централа, бизнис од четврт милион евра годишно.
Извадок од денешната прес-конференција на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.