Friday, June 20, 2025
22.8 C
Skopje

МИТЕВА: ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ СО КОНКРЕТНИ ПРОЕКТИ НОСИ РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА

„Од самиот почеток покажавме дека транспарентноста не е само збор кој популистички го користиме, туку напротив ја вклучуваме јавноста во сето она што го прави Владата, а Владата е притоа во служба на сите граѓани“, истакна портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на гостување во Дневникот на Алсат телевизија.

Митева се осврна на стратешкиот Договорот со Обединетото кралство и истакна кои се реалните придобивки од истиот. Митева е децидна дека за разлика од минатото кога имавме состојба на договори коишто за нас значеа понижување, денес се склучуваат договори коишто за нашите граѓани значат гордост.

„Во однос на овој Договор, можам да кажам дека сум исклучително горда и ако треба да ги поделам работите би кажала од една страна тоа е политичкиот момент, а тоа е зајакнувањето на нашата стратешка соработка со навистина развиените западни земји, како што е Обединетото Кралство на што сум исклучително горда, и мислам дека секој еден граѓанин чувствува дека од оние поранешни договори коишто некако ни предизвикуваа чувство можеби на жал, на  срам, сега имаме чувство коешто е среќа или гордост“, вели Митева.

Митева говореше и за економскиот аспект од договорот кој што е во насока на инвестиции и во насока на развој. Таа информираше дека следуваат големи инвестиции во делот на брзата железница и во делот на здравството. Митева посочи дека ова е исклучително добар договор и претставува нова историја за развој на Македонија.

„Од друга страна е оној договор кој што е во насока на инвестиции и во насока на развој на инвестиции и во насока на развој, или оние пет милијарди фунти, или шест милијарди евра коишто се достапни како рамка на користење во делот на инвестициски развој.

Она што досега е најавено е дека на почетокот ќе започнеме со навистина големи инвестиции, во делот на брзата железница и во делот на здравството, односно изградбата нова на болницата во Кичево, реконструкција на таа во Штип, реконструкција на онаа во Тетово. Се разбира тука е и делот на образованието, каде што станува збор за нов Медицински факултет во Штип и студентски дом со 200 легла.

Пред да дојдеме до онаа финансиска рамка за која што се очекува истата да биде објавена, морам да потенцирам дека не станува збор за нешто коешто ќе значи повлекување на средства и авансно плаќање од државата, туку станува збор на конкретни проекти за коишто ќе следи исплатата по завршување на проектот“, заклучува Митева.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ