Wednesday, July 16, 2025
28.8 C
Skopje

МИТЕВА : ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ СО МНОГУ РАБОТА ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ НАПРАВИ ПРОСПЕРИТЕТНА, РАЗВОЈНА И ЕВРОПСКА ДРЖАВА

„Со силен фокус на тоа што значи реформа секој во својот сегмент со добра координација многу посветеност и чесност ќе успееме да ја вратиме Македонија на она ниво на кое сакаме да ја видиме а тоа е просперитерна, развојна и европска Македонија”, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во гостување во „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.

Таа продолжи и додаде:

„Страшниот криминал и корупција го разниша системот на Македонија и неспособноста која ја демонстрираа СДС и ДУИ”, рече Митева.

Таа посочи дека СДС им дозволила сѐ на ДУИ само за да се на власт.

„Факт е дека ние предолго време поради реториката на ДУИ и онаа политика на СДС да дозволат сето тоа да се случува само заради една единствена цел за да останат на власт се доведе во ситуација да имаме проблеми и поделби во општеството”, вели Митева.

Таа потенцираше дека за многу брзо од денес кога ќе се официјализира новата влада ДУИ ќе е во опозиција.

„Наративот на ДУИ е нешто кое континуирано се случува изминативе години додека имаа огромни скандали позади себе за корупција тие се обидуваа да ја заробат темата дека се легитимни претставници на Албанците во Македонија и без разлика колку тоа беше тешко успеавме од почеток до крај да ја разобличиме таа слика која се обидуваа да ја презентираат во јавноста”, заклучи Митева.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ