Мисовски: 150.000 фантомски гласачи во Избирачкиот список се заслуга на Јанкулоска и нејзиното МВРО

0
285

„Вкрстената проверка која ја спроведе ДИК со Избирачкиот список, потврди дека МВР било претворено во изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, односно во МВРО, со што уште еднаш се покажа и веродостојноста на содржината  на „бомбите“. На граѓаните им станува јасно дека екс-министерката Гордана Јанкулоска узурпирала цело министерство и го ставила во функција на криминализација на изборниот процес, со единствен цел – преку манипулација со избирачкиот список(фантомски гласачи) една криминална група да се задржи на власта во државата“, рече Горан Мисовски, шеф на Централниот изборен штаб, на регионалната средба со претседателите на општинските организации на НСДП од петата изборна единца, која се одржа вчера во Битола.

Според него, повеќето од 150 илјади луѓе кои ги има во Избирчакиот список, а ги нема во ниту една од другите 10 бази на државните институции, се фантомски глсачи за  чиј упис во избирачкиот список најголема заслуга има Јанкулоска, затоа што истите може само да се сретнат само во регистерот на МВР.

bt1

„Ови 150 илјади фантомиски гласачи се само една од причините зошто екс-министерката толку многу е нервозна од работата на Специјалното јавно обвинителство и зошто ВМРО-ДПМНЕ преку Уставниот суд создаде правна можност за аболиција и помилување на изборни криминалии“, рече Мисовски.

На средбата претседателите на општинските организации на НСДП од овој изборен регион нагласија дека моменталнта состојба со избирачкиот список фрла голема секна врз легитимитетот на ВМРО-ДПМНЕ и во овој регион.

Локалните раководства на партијата истакнаа дека општинските организации работат со полн капацитет и истите се подготвени за избори, независно од тоа кога би се одржале“, се вели во соопштението на НСДП.