Мисовски: Нема да дозволиме Уставот да се погазува за спас на една криминална група!

0
485

„Шефот на изборниот централен штаб на Нова социјалдемократска партија(НСДП), Горан Мисовски како дел од тековните партиски активности одржа регионален изборен штаб за четвриот изборен регион во Прилеп.

На координацијата со ракoводствата на НСДП од оваа изборна единица, Мисовски беше запонат со тековните активности кои ги спроведуваат оштинските изборни штабови како подготовка за престојните избори.

pp1

Од Претседателите беше истакнато дека целото членство е мобилизирано и активно работи со граѓаните, така што независно од тоа кога ќе се одржат парламентарните избори, оштинските организации на НСДП од овој регион се подготвени и мобилизирани за финалната битка со ВМРО-ДПМНЕ.

Мисовски информирајќи ги раводставата за тековните политички случувања во земјата, ги повика членовите на НСДП од четвртата изборна единица да се приклучат на денешниот протестен марш за одбрана на Уставот од уставните судии.

pp2

Злосторничкото здружение кое ги узурпира институциите на државата за лукративни интереси на потесна фамилија, во очајничкит обид за спас од политичка и кривична одогворност, посегна и по Уставниот суд. Но ние нема да дозволиме највисокиот правен акт да се погазува за спас на една криминална група, затоа и ги повикувам сите членови да се приклучат на утрешниот протестен марш“, рече вчера Мисовски пред сопартијците.

Според него, отворањето на можност за аболиција за изброен кримнал, е само потврда на содржината на прислушуваните разговори, односно уште еднаш го покажува спорниот легитимитет на валадејчаката ВМРО-ДПМНЕ и нејзините победи на петходните избори.

Сите партиски организации на НСДП од овој изборен регион го најавија своето учество во протестот против неуставното работење на Уставниот суд“, се вели во соопштението на НСДП.