МИСЛЕШЕ ДЕКА ЌЕ МУ ДОЗВОЛАТ ДА ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА САМО ЗАТОА ШТО ИМА ТЕЛЕВИЗИЈА – СТОЈМЕНОВ ГО ОБВИНИ ЗАЕВ ДЕКА ГО СПРЕЧИЛ ДА ГРАДИ ВО ЦЕНТАР, ЕКС ПРЕМИЕРОТ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА

0
3922

Не градоначалникот на Центар туку поранешниот премиер Зоран Заев стои зад блокадите за градилиштето кај поранешната стоковна куќа „Беко“ во центарот на Скопје, вели за „А1он“ бизнисменот и поранешен министер за финансии Борислав Стојменов, инвеститор на објектот кој Општина Центар го води како дивоградба. Причините поради кои се направил случај од градењето кај „Беко“ тој вели дека се политички. Се сомнева дека целиот притисок за поништување на одобрението за доградба и надградба од 2016 година по кое гради бил за да се откаже од градење и да го продаде хотелот трипати поевтино од пазарната цена.

Поранешниот премиер Зоран Заев ги демантира обвинувањата од Стојменов.

„Ваквите обвинувања се далеку од здравиот памет. Целосно ги демантирам лагите на Стојменов доколку така се кажани, и ако се повторат такви лаги ќе покренам тужба“, изјави Заев за „А1он“.