Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

МИСЕРДОВСКА: СДС И ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НА ЧУЧЕР САНДЕВО, ГЛЕДААТ КАКО НА СВОЈ ПАРТИСКИ БУНАР ЗА ЦРПЕЊЕ ПАРИ, ЗАТОА И КАКО СВОЈ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ПОВТОРНО ГО ПРЕДЛАГААТ САШКО КОМНЕНОВИЌ

Прес-конференција на Маја Мисердовска, советничка во Советот на Општина Чучер Сандево.

Почитувани,

СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ, тендераш со искуство.

Со години Комненовиќ ја упропастува Чучер Сандево, а од буџетот на општината завршуваат милиони на сметка на фирмата Компанија Димовски, блиска до СДС.

Комненовиќ кога прави тендерска документација за изведба на градежни работи, не бара фирма изведувач, туку ја скицира Компанија Димовски. Па така тендерските документации опфаќаат машини и опрема кои не се потребни за извршување на дадената работа, но ги поседува Компанијата Димовски, исклучувајќи при тоа секаква конкуренција.

Така без конкуренција омилената фирма на Комненовиќ добива дупло повеќе пари за иста градежна активност, која во друга општина чини 2 пати помалку.

Имено, игралиште во Бразда со пластична подлога изградено од Компанија Димовски чини 4.7 милиони денари. А истото игралиште во Бутел со исти димензии и иста подлога чини 2.2 милиони денара.

Игралиште во Мирковци од околу 800 м2 е платено за 8.7 милиони денари, додека во соседната општина игралиште од 1450 м2 е изградено за 9 милиони денари.

Оваа фирма е истата која врши и зимско одржување на патиштата, и исто како и на тендерите за изградба, се скицира буквално се што омилената фирма на градоначалникот има.

Замислете колку пари за изминативе 4 години наместо во нови проекти заминале во џебовите на Компанијата Димовски.

СДС и Венко Филипче сакаат преку Комненовиќ да продолжат да крадат од Чучер Сандево и во наредните 4 години. Тоа нема да им го дозволиме.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ