Wednesday, November 6, 2024
14.8 C
Skopje

МИСА ВО ЗАГРЕБ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ : ГИ ПОВРЗУВАШЕ НАРОДИТЕ СО СВОЈАТА МУЗИКА И ХУМАНОСТ!

Утре (недела) во Загреб ќе се одржи миса по повод 17 години од смртта на легендарниот музичар Тоше Проески. Настанот е најавен со почеток од 10 часот во Македонската православна црква во Загреб, на улица „Нова цеста“ 178, а по мисата ќе се одржи и спомен парастос. На мисата ќе присуствуваат македонските маратонци, кои тој ден ќе биле во Загреб, а наредниот ден ќе заминеле во Нова Градишка. Од таму, од пред Електротехничкото училиште, тие во понеделник ќе го започнат маратонот во чест на Тоше, и во среда, на 16-ти октомври треба да пристигнат во Крушево.

За годишнината од трагичната смрт на Проески известуваат бројни хрватски медиуми. Музичарот кој имаше огромна популарност во целиот регион, а посебно во Хрватска, загина во близина на Нова Градишка. Пред три години на шеталиштето „Новоградишки куриозитети” , во близина на местото на несреќата, беше откриен и негов споменик, камена статуа, дело на скулпторот Славко Буниќ.

По откривањето на статуата, скулпторот Буниќ за „Фокус“ раскажа дека ја изработил волонтерски, со љубов, и не наплатил ниту денар за неа, а истата била донација од компанијата „Техникс“. И градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, тогаш за „Фокус“ изјави дека споменикот на Тоше е направен со цел да му се оддаде почит на големиот пејач и хуманитарец, и дека трагедијата оставила нераскинлива поврзаност помеѓу Нова Градишка и Крушево, односно помеѓу Хрватска и Македонија. Го опиша Тоше како човек кој ги поврзуваше народите со својата хуманост и музика.

ОВАА НЕДЕЛА

ГОРИ БЕЗИСТЕНОТ ВО СТРУГА

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото...

ТРАМП ОСВОИ ПОБЕДА ВО ПЕНСИЛВАНИЈА И Е НА ЧЕКОР ДО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ