Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

МИСАЈЛОВСКИ НА СОСТАНОК НА СЕВЕРНОАТЛАНТСКИОТ СОВЕТ НА НАТО ВО БРИСЕЛ ЈА ПОТВРДИ ПОСВЕТЕНОСТА НА ДРЖАВАТА КОН КОЛЕКТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на која била потврдена заложбата за одвраќање и одбрана на целата територија на НАТО.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Мисајловски порачал дека на состаноците се отворило прашањето за инвестициите во одбраната наменети за одбранбени и цивилни капацитети кои ќе ја зајакнат безбедноста и сигурноста, но и општествената отпорност.

“Иако одбраната е клучната задача на Армијата и Министерството за одбрана, потребно е целокупното општество да се вклучи во зголемувањето на нашата отпорност, заштитата на мирот, стабилноста и безбедноста на секој поединец, подвлекол тој.

Министерот на состанокот даде целосна поддршка на напорите за зајакнување на Алијансата и ја потврди посветеноста на земјата кон колективната безбедност.

Во попладневните часови се одржа и состанокот на Советот НАТО – Украина, на кој земјите-членки на НАТО ја потврдија определбата за континуирана, долгорочна поддршка за Украина. На оваа сесија учествуваше и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.  Министерот Мисајловски учествуваше и на состанок на Групата за нуклеарно планирање на НАТО.

Овој состанок е последна подготовка пред Самитот на НАТО во Хаг, што ќе се одржи на 24 и 25 јуни 2025 година, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

КОМАНДАНТ ,,БАРУТИ” ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ОДИ ВО ШУТКА

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ