Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

МИСАЈЛОВСКИ: ВОЈНИЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВА ОПРЕМА ВО ВРЕДНОСТ ОД 100 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и пакети за Украина, а не велам дека не требало, но требало тоа да се искомпензира на друг начин како што други земји тоа го направиле, рече министерот за одбрана во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

-Во овој момент сакам да знаете дека околу 100 милиони денари ќе се распише тендер за нова борбена униформа, за нови чизми, за се она што следи и е потрено согласно правилниците за војниците, зборувам за целосна опрема. Следната година ќе има уште повеќе средства за целосно подобар изглед и за се она што им е потребно на војниците. Паралелно направивме договор за 4.000 комплети за борбена униформа со Турција, склучивме договор за чизми, мораме паралелно да ги правиме за да ги подобруваме условите на војниците, истакна Мисајловски.

Мисајловски рече дека моменталната ситуација не може да се промени наеднаш, но беше дециден дека тој чекор по чекор ќе ја промени таа ситуација за која во минатото не се грижел никој.

Се подобруваат условите во армијата, треба време, но набрзо тоа ќе се види, рече министерот Мисајловски, во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

-Распишавме оглас за 300 нови војници, е сега сакам да ви кажам за тоа колку е подобрена сликата за армијата, пријавени се 1861, а примаме само 300 и мислам дека во иднина ќе има се поголем интерес. Примањата на војниците се солидни, се подобрува изгледот на армијата, НАТО земја сме, сето тоа придонесува за секој еден млад човек да сака да биде дел од армијата. Еве денес завршуваат физичките подготовки, потоа почнуваат лекарските прегледи, што придонесува многу луѓе за жал  да не можат да влезат, но сакам да објава дека во наредниот период ќе се примат други војници бидејќи има интерес. Тоа покажува дека македонскиот народ си ја сака државата, ја сакаат војската, имаат почит кон луѓето во униформа, истакна Мисајловски.

Мисајловски додаде дека луѓето кои деноноќно работат за безбедноста на Македонија мора да се почитуваат.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ