Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

МИСАЈЛОВСКИ : ВЛАДАТА НА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА НОВ ПАКЕТ ПОМОШ ЗА УКРАИНА

Владата на затворена седница ќе одлучува за нов пакет помош за Украина, најави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на конференцијата на високо ниво по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на НАТО – Алијансата.

„Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме“, рече Мисајловски.

Тој најави и модернизација на македонската армија, за што ќе се одвојат над два отсто од буџетот во следната 2025 година.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер рече дека војната во Украина е и тест за солидарноста на Алијансата.

„Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата се фокусираме“, рече Дрекслер.

Во септември, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на маргините на 79-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк. Според соопштението од Министерството за надворешни работи, на средбата била реафирмирана македонската поддршка за Украина, на патот кон зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ