Тетка Мирка во колумна во Нова Македонија ни објасни дека мрачните сили за кои зборуваше Груевски всушност биле вампири, од Америка! Тие наводно му ја наместиле анкетата на ИРИ во која тој има помал рејтинг од партијата ВМРО ДПМНЕ со што наводно пратиле сигнал дека сакаат да го сменат од кормилото на владејачката партија. Прочитајте и самите:
Морам овде да интервенирам со „фуснота“, која се однесува на сите црпнати и црпки (лејки) во македонската политика. Вампирот има гадна навика повремено да си ги менува кооперантите. Нашиов, што моментално владее со Македонија, преку последната анкета на „угледниот“ ИРИ и „благото“ фалсификување на резултатите од анкетирањето за кое сите веќе знаат, фактички порача дека е во потрага по нови деца во мејнстрим-партиите (оние од Пржино).
Затоа на Груевски првпат му го спушти рејтингот, кој сега е понизок од партискиот. За сметка на тоа, благо му го покачи на црпнатиот од Муртино, колку да се апатизира гласачкиот потенцијал. Оваа операција првпат беше изведена на европско тло кога вампирот реши да го собори непослушниот и горд германски канцелар Шредер и да го замени со верната Меркел.
А оттогаш се применува речиси секаде во Европа. Најчесто во Италија, особено по појавата на Берлускони. Генералната порака е дека вампирската тенденција во Македонија е да се нападне тврдоглавата народна волја, која на секои избори од 2006 година наваму се движи меѓу два или три спрема еден во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Е, бидејќи тоа не се менува по демократски пат и на слободни избори, вампирот и неговите помошници решија со комбинирани терористички дејства (измислени кризи и излез од нив преку рамковни договори) реалноста да ја сведат на пата-пата позиција, која е полесно да се менаџира вампирски.