МИРКА КЛАСНАТА СО ЕДЕН КУП ПАСУСИ ВО НАЈНОВАТА КОЛУМНА ПО ПОВОД 9-ТИ МАЈ ГО ОСУДУВА ФАШИЗМОТ, ВО ТЕШКА И ХАОТИЧНА ФРАЗЕОЛОГИЈА ГИ НАБРОЈА СИТЕ РЕЖИМСКИ ВЛАДЕЕЊА ВО СВЕТОТ АМА ГО ЗАБОРАВИ ОНА НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ, БИДЕЈЌИ ИМАШЕ ПАТЕНТ НА УСТАТА ПОРАДИ КАФИЧОТ ВО КАЛА И ПО 1000-ТИ ЈУБИЛЕЕН ПАТ ГО ПРОГЛАСИ ЗАПАДОТ ЗА УМРЕНО!

0
293

Мирка Велиновска – ГЛАСНА ЖЕСТОКА ПУШАЧКА НА РЕЖИМОТ на Груевски и во комунизмот и во раните деведесети со мала пауза во првата декада на 21 век кога влезе во некој националистички филм.

Во комунизмот која го бранеше Тито па потоа режимот на Слободан Милошевиќ во екс Југославија па потоа одработуваше за Киро и за Бране и тоа прилично жестоко, потоа за Љубе и Љубчо и единствено кога била против некоја власт тоа беше во времето на Бучко.

Потоа таа почна да си одработува за Грујо и да плука по СДСМ кој таа го бранеше повеќе од 15 години кога во исто време го газеше ДПМНЕ со се што можеше сега ги наброи сите светски режими во една колумна по повод 9-ти мај, светскиот ден против фашизмот, но го заборави она на Грујо каде тогашната власт ги ухлебуваше нејзините трубадури на чело со неа и Миленко.

Сега е ептен блиска со мајката на Орце Камчев со што тие ја изградија зградата кај што е кафичот Кала во која Мирка доби три стана и деловен простор кој го изнајмува на ресторанот Кала па најверојатно затоа голта кнедли и не го спомнува владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како диктатура и медиумите на МПМ каде стопанисуваат Керим и Камчев.

Но да не должиме многу, целата колумна на Мирка класната каде ги именува сите светски фашистички владеења но не и она на Груевизмот ќе може да ја прочитате на овој линк, ОВДЕ.

Значи тотално лудило, вечниот инвентар во сите влади од 90-тите па наваму збори и осудува фашизам, просто човек да не верува што пишува главната комунистичка трубадурка.

Навистина тешки тешки будалаштини, но ајде да ја потсетиме јавноста за тоа како беше кога беа фактор на јавно мнение заедно со Миленко преку студиото на Канал 5 на Стојменов.