Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МИНХЕН : УБИЕНИОТ НАПАЃАЧ БИЛ АВСТРИСКИ ДРЖАВЈАНИН ПО ПОТЕКЛО ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Осомничениот за пукањето во близина на израелскиот конзулат во Минхен е убиен во размена на оган со полицијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман, а станува збор за исламист што од претходно ѝ бил познат на полицијата.

„Мораме да претпоставиме дека нападот врз израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран утрово“, рече Херман.

Како што пренесува „Билд“, станува збор за Емрах И. (18), роден во Австрија, по потекло од Босна и Херцеговина.

Во 2023 година беше пријавено дека е член на терористичка организација и дека ја шири пропагандата на Исламската држава.

Австриските власти на неговиот мобилен телефон пронашле исламистичка пропаганда, а при нападот, освен огнено оружје, имал и бајонет.

Херман додаде дека напаѓачот испукал низа истрели по што припадниците на безбедносните сили возвратиле и го убиле.

Според него, осомничениот со автомобил се упатил кон Центарот за документација на националсоцијализмот, отворен во 2015 година, носел пиштол, а потоа пукал во блиската полициска станица.

Во акцијата учествувале пет полицајци, изјави портпаролот на безбедносните сили. Над местото на настанот кружи хеликоптер.

Полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот додека трае операцијата.

Инцидентот се случи на годишнината од нападот за време на Олимпијадата во 1972 година кога палестинските терористи убија 11 израелски спортисти во Минхен.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

СПОРЕД ЦУК ВКУПНО 32 ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ