Минхен – МНР Димитров: „ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија”

0
942

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на 56-та Минхенска безбедносна конференција, настапи на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на З. Балкан напред“ заедно со шефови на држави и влади од регионот, министри и високи претставници на ЕУ и САД.

МНР Димитров:

„Ако сака да биде позитивна сила, да поттикнува политика на компромис, да стимулира прореформски влади, ЕУ мора да го признае напредокот на Северна Македонија.

Има една формула за успех: потребна ни е добра методологија, чесен пристап кон имплементирање на истата и политичка волја од двете страни. Влогот е огромен.”

На маргините на конференцијата министерот Димитров и денес оствари повеќе билатерални средби и тоа со Жан Аселборн, МНР на Луксембург, Дејвид Харис, Извршен директор на Американско-еврејскиот комитет, Ричард Мур, Генерален директор за политички прашања во британскиот Форин Офис.

Главниот акцент на разговорите беше ставен повторно на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја, во пресрет на клучните моменти за добивање позитивна одлука за отпочнување пристапни преговори.

МНР Димитров учествуваше и на работната вечера организирана од претседателот на Светскиот економски форум Борге Бренде и извршниот директор на Google Jigsaw Џеред Коен, на која почесен гостин беше американскиот државен секретар Мајк Помпео.