Saturday, May 17, 2025
9.4 C
Skopje

МИНИСТРИТЕ ТОШКОВСКИ И МИСАЈЛОВСКИ НА ЗАЕДНИЧКА АЛПИНИСТИЧКА ВЕЖБА НА ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ И БАТАЛЈОНОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ ,,ВОЛЦИ”

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата за брзо распоредување на МВР и Баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата.

Припадниците на Единицата за брзо распоредување во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Северна Македонија.

Како краен резултат на оваа спроведена обука, денеска беше извршена завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”. Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија во изведба на ЕБР и БСС „Волци“, како учесници.

„Овие луѓе што денеска ги видовте се душата на Македонија, така да изразувам огромна благодарност до сите нив и она што тие го прават. Ваквата заедничка вежба што е спроведена денеска е редовна практика, ќе ги има и во иднина.

Ги зајакнуваме сите капацитети кои се потребни од аспект на физичка спремност и тактичка подготвеност и сте она што значи специјално делување на нашите најелитни единици и во иднина ќе продолжиме со зголемен број на такви активности“, потенцираше министерот Тошковски. Успешно реализираната вежба и драгоценото заедничко искуство покажа дека соработката на единиците во извршување на ваков вид на обуки и заеднички вежби е на многу високо ниво, што се очекува да се демонстрира и во реални услови при извршување на заедничките задачи.

По завршување на вежбата министерот Тошковски ја посети полициската канцеларија во Демир Капија каде со раководниот кадар разговараше за сите тековни активности, безбедносната состојба и нејзино постојано унапредување и надминување на лошите услови во кои работат и недоволната пополнетост со кадар.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НИКОЛОСКИ ЈА ОПИША ДЕНЕШНАТА СРЕДБА СО КИР СТАРМЕР КАКО СТРАТЕШКИ ПЛОДНА СО ИСТОРИСКИ РАЗМЕРИ

Плодна средба со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер Зајакнување...

МЕЏИТИ: ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ДОАЃААТ ВО ВРЕДИ

Четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ