МИНИСТРИТЕ НА ДУИ ПРЕЧЕКАНИ КАКО СПАСИТЕЛИ – АЛБАНЦИТЕ ВО ТРИ СЕЛА ВО КУМАНОВСКО СЕ РАДУВААТ – КОНЕЧНО ВО 21-ВИ ВЕК ЌЕ ДОБИЈАТ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ!

0
322

Груби, Бектеши и Нуредини промовираа водоводна мрежа во Лојане, Слупчане
и Оризаре, општина Ликпково

Липково, 23 Август – Денес, Првиот Вицепремиер и министер за Политички
систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби заедно со министерот
за Животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини и
министерот за Економија г-дин Крешник Бектеши беа во посета на општина
Липково, поточно во населените места, Лојане, Слупчане и Оризаре.

Во селото Лојане министрите го промовираа почетокот на изградбата на
секундарната водоводна мрежа. Владата за овој проект од ТАВ Програмата и
додели на општина Липково сума од 22.021.091,95 денари, додека покрај
овој проект во оваа месност се реконструира и резервоарот за вода за
пиење.

Првиот Вицепремиер Груби денес исто така престојуваше и во Слупчане каде
беше инаугуриран почетокот на изградба на системот за водоснабдување,
проект во вредност од 27.934.673,00 денари. Овој проект е финансиран во
соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање
и општина Липково.

Оризаре беше другата локација што денес ја посети првиот вицепремиер
Груби, каде и беше инаугуриран почетокот на работите за реализација на
проектот за водоводната мрежа, проект финансиран од Министерството за
животна средина и просторно планирање, во износ од 32.452.614,00 денари.

Со овие проекти што Владата ги финансира за општина Липково, се
заокружуваат проектите во некои села на општина Липково, за снабдувањето
со вода за пиење.

Со реализацијата на овие проекти кои Владата на Република Северна
Македонија ги финансира за општина Липково, на секое семејство ќе им се
обезбеди вода за пиење и сите ќе имаат пристап до една стабилна
водоводна мрежа.