Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, ЈАНЕВСКА ВО ШТИП: 130 ПСИХОЛОЗИ ОБЕЗБЕДУВААТ ДОПОЛНИТЕЛНА ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Постојано се зголемува бројот на психолози кои се вклучуваат во давањето  психосоцијална поддршка за учениците, нивните родители и наставниците по трагедијата во Кочани.

Минатата недела имавме 100тина, оваа недела во мрежата на училишни психолози имаме 130. Сите тие поминаа специјализирана обука за постапување во оваа кризна ситуација и се активни на терен. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешната посета на неколку училишта во Штип, информирајќи дека на територијата на оваа општина ангажирани се дополнителни 10тина психолози во рамки на образовните установи.„Министерството за образование и наука заедно со повеќе други страни – УНИЦЕФ, Институтот за психологија при УКИМ, Комората на психолози и Црвениот крст, прават напори за да обезбедат соодветна психолошка помош и психосоцијална поддршка за оние на кои им е потребна, а особено на најмладите. Веднаш по трагедијата подготвивме насоки за училиштата, за наставниците и родителите. Споделивме и лични контакти за телефонски совети и разговори. Беа отворени и наменски линии достапни 24/7“, рече Јаневска.

Додаде дека настанот предизвика траума кај целата јавност, а особено кај децата, кои како што рече, не смееме да ги препуштиме сами на себе. „Во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со Комората на психолози, отворивме и Центар за младинско советување и тоа е всушност збирното место на психолозите од каде потоа тие заминуваат да работат во училиштата во Штип, а секако работат и со студентите во градот кои ценат дека во оваа ситуација, добро ќе им дојде разговор и насока како полесно да се справат со предизвиците“, рече министерката, посочувајќи дека претстои долг период на рехабилитација и многу работа со младите.

Министерката напомена дека важен аспект на кој МОН ќе се посвети заедно со локалните самоуправи е одржувањето на безбедносните стандарди во училиштата низ целата територија. „Минатата недела се обративме до општините за проверка во сите училишта дали постои проценка на ризици од кризни состојби, план за справување со кризни состојби, дали има соодветна и функционална опрема како ПП апарати, хидранти и слично.

Според информациите кои ги добивме од ЗЕЛС, сите проверени училишта досега, а тоа се некаде над 90% од објектите, се безбедни и мора да се погрижиме така и да остане“, рече Јаневска.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ